Back

Производи

Категории на производи во кои Ролонет е докажан избор на секој клиент

Ролетни

Во својата внатрешност алуминиумските ролетни се исполнети со пур - пена што им дава на ролетните добра термичка и звучна изолација.
Пластичните ролетни се најчесто употребуваните ролетни како кај нас така и во светот. Овој тип на ролетни нуди најдобра термичка и светлосна заштита во однос на цената.
Дрвените ролетни се одлика на некои поодминати времиња и тие поради нивната гломазност, тежина и потреба за константно одржување повеќе не се употребуваат.
Металните ролетни се употребуваат и изработуваат само за поголеми отвори (гаражни врати, магацини и слично).

Венецијанер

Алуминиумските венецијанер ролетни се најчест и најпогоден избор денес во станови и објекти кои сакаат да ги исфрлат од употреба старите гломазни завеси.
Пластичните венецијанер ролетни се со ист принцип на работа со алуминиумските со таа разлика што наместо алуминиум се користи пластика за нивна изработка.
Дрвениот венецијанер во одредени домови може да се вклопат со ентериерот и да дадат допринос во изградување на истиот истакнувајќи ја добро познаата топлина на дрвото.

Комарници

Фиксните комарници како што може да се заклучи од името се комарници кои од кога ќе се постават не се предвидени да се вадат или поместуваат.
Роло комарниците се моментално врвот во технологијата на изработка на комарници. Роло комарниците се изработени целосно од електростатски фарбан алуминиум како и од најфина фиберглас мрежа.
Комарниците за врати се изработени од алуминиумски електростатско фарбани профили и фиберглас мрежа. Најчесто се употребуваат за заштита со комарници на балконските и влезните врати.
Шибер комарниците се нај идеално решение за отвори каде има поставено двокрилни, трокрилни како и шибер балконски врати.