Back

Алуминиумски венецијанер

 

Алуминиумските венецијанер ролетни се најчест и најпогоден избор денес во станови и објекти кои сакаат да ги исфрлат од употреба старите гломазни завеси. Како што може да се претпостави од претходниот текст венецијанерот се ролетни кои се поставуваат од внатрешната страна на прозорот и имаат за цел да ја заменат завесата. Тие доаѓаат во повеќе различни бои со што можностите за вклопување во ентериерот како и експериментирање со истиот се многу големи. За разлика од класичните завеси кај венецијанерот е овозможена регулација на протокот на надворешната светлина. Со тоа се овозможува да и без поставување на надворешна ролетна, доволно се затемни станот, а во исто време и спречување на надворешните љубопитни погледи да стигнат до вас.

Во поглед на трајноста на алуминиумските венецијанер ролетни може да се каже дека со употребата на алуминиумот и полиетуренски бои, како и сите други делови кои се од нерѓосувачки материјали, се овозможува многу долг век на користење.