Back

Алуминиумски ролетни

Алуминиумските ролетни моментално се најквалитетни и најтрајни ролетни што ги има на пазарот. Како што знаеме алуминиумот е метал што за разлика од пластиката нуди поголема цврстина, трајност и помали можности за деформации и дефекти.

Во својата внатрешност алуминиумските ролетни се исполнети со пур – пена што им дава на ролетните добра термичка и звучна изолација.

Надворешно се офарбани со специјални електростатски бои кои се со долг век на траење и овозможуваат непроменливост на бојата повеќе години.

Системот на кој што се поврзани лајсните на ролетната меѓу себе не дозволува да тие се изместат со што се избегнуваат непотребните фрустрации при евентуално заглавување на ролетните. Поради овој систем на поврзување на лајсните кај алуминиумските ролетни, постои можност за вградување на електромотори како и команди со далечинско управување.

roletni

 

Други предности на алуминиумските ролетни:

– Заштита од пожар

Одредени американски институции ја имаат тестирано и докажано важноста на алуминиумските ролетни во заштитата од пожар.

Оваа способност се должи пред се на алуминиумот кој за разлика од пластиката не е запалив и ќе го заштити прозорот или внатрешноста на куќата при евенуален краткотраен пожар. Оваа заштита пред се е добра за објекти кои покрај своите прозори имаат дрвца, џбунови или други потенцијално запаливи материјали.

– Заштита од провали

Алуминиумските ролетни имаат можност (која не влијае на нивната цена) да се заклучуваат од внатрешната страна. Со тоа се овозможува спречување на провалници како и на локални палави деца и тинејџери да провалат во вашиот стан со едноставно кршење на стаклото од прозорот

Поради овие причини алуминиумските ролетни се одличен избор за вашиот дом.