Дрвен венецијанер
Дрвениот венецијанер во одредени домови може да се вклопат со ентериерот и да дадат допринос во изградување на истиот истакнувајќи ја добро познаата топлина на дрвото. Поради тоа што дрвените венцијанер ролетни чинат околу 4 пати повеќе од алуминиумските ролетни повеќето луѓе се одлучуваат за алуминиумска имитација на дрво.
Венецијанер ролетните се разликуваат според нивната димензија. Најчесто употребувани се венецијанер ролетните со широчина на лајсните од 16 мм и 25 мм или општо познати како потесните и пошироките.
Разликата меѓу овие ролетни е таа што пошироките нудат за нијанса подобро затворање на светлината, полесно одржување и пониска цена. Потесните делуваат многу понежно и естетски многу подобро се вклопуваат во домовите, посебно на прозорите со помали димензии.
Дебелината на венецијанер ролетните е исто така многу битна и на пазарот може да се најдат венецијанер ролетни со дебелина од 0,16 мм до 0,25 мм. Дебелината им ја дава крутоста на венецијанер ролетните. Посебно е битна кај поголемите димензии и тоа што подебели тоа подобро.
Бидејќи вие неможете да приметите битна разлика во дебелината, наша препорака е секогаш да набавувате од добро познат производител што гарантира за квалитетот на своите производи.