Шибер комарник

Шибер комарниците се најидеално решение за отвори каде има поставено двокрилни, трокрилни како и шибер балконски врати. Изработени се од најквалитетните алуминиумски профили на реномираниот производител ALUMIL и висококвалитетна фиберглас мрежа на светскиот број еден производител PHIFER. Тие се најлесните комарници за ракување , но истотака и најквалитетните кога станува збор за одржување. Самото димензионирање на профилите, употребата на специјални алуминиумски спојки, рачки и тркалца ги прават овие комарници практично неуништливи.

Единствена нивна мана е тоа што поради големата површина на добропровидната фиберглас мрежа , многу често може да се случи корисникот да заборави дека на вратата има поставено комарник и неприметувајќи ја мрежата да проба да излезе низ неа (штетата е минорна околу 500 ден).